Две момчиња беа спасени благодарение на нов дрон што почна да го користи крајбрежната спасувачка служба на Австралија. Двете момчиња на возраст од 15 и 17 години биле понесени од брановите во близина на брегот кај Ленокс Хед, Нов Јужен Велс.
Откако случаен минувач видел дека тинејџерите се мачат да испливаат кон брегот, ја известил спасувачката служба која веднаш го испратила дронот, кој уште е во фаза на тестирање.
Дронот спуштил опрема за спасување до двете момчиња и тие безбедно стигнале до брегот. Дронот одлетал до местото, ја спуштил потребната опрема и се вратил назад за минута-две, а во стандардни услови, на спасувачките екипи би им било потребно три пати повеќе време, што понекогаш може да значи живот.
Од спасувачката служба нагласуваат дека ова е прв случај на спасување со помош на дрон. Двете момчиња се во добра здравствена состојба.