ЕХФ вообичајно, по завршувањето на една фаза од првенството, дава преглед на најдоброто во групите. Па, така, меѓу петте најубави голови од групите “Ц“ и “Д“ има дури две остварувања на наши репрезентативци.
Нашите ракометари постигнаа неколку маестрални погодоци во Загреб, па сосема очекувано, имаме двајца претставници во Топ 5 голови од првата фаза во Групите Ц и Д.
Цепелинот на Лазаров и Талевски против Црна Гора е на четвртата позиција, додека пак шраубата на Столе Стоилов против Германија е на врвот.