Oткако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Жерард Пике се договорил за продолжување на договорот со Барселона, денес Каталонците објавија дека постигнале договор и со Серхи Роберто.
Барселона на својот официјален профил објави дека Роберто потпишува нов договор со клубот кој ќе има важност до 30 јуни 2022 година и исто како и во договорот на Пике и Роберто во својот договор ќе има откупна клазула од 500 милиони евра.
Роберто како и Жерард е продукт на школата на Барселона, популарната Ла Масија при што постепено се градеше и сега е важен дел од играта на клубот.