Илјадници луѓе ширум Русија се капеа во ладните води кои славејќи го на тој начин православниот христијански празник на Богојавление – крштевањето на Исус Христос.
Претседателот, Владимир Путин, познат по својата посветеност на христијанството, во ноќта од 18 кон 19 јануари, се упати кон езерото Селигер северно од Москва, за да учествува во годишното капење во ледените води на Денот на Богојавление, во чест на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан што се случи пред две милениуми.
„Ова не е прво вакво искуство на Владимир Путин. Тој многу години учествува во капење”, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.