Познати првите петорки на НБА Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, Џејмс и Кари капитени

Facebook
Twitter
Email
Print

Ѕвездите на Кливленд и Голден Стејт, Леброн Џејмс односно Стеф Кари добија најмногу гласови па ќе бидат капитени на Ол-стар натпреварот кој ќе се одржи следниот месец.

 

Леброн доби најмногу гласови од навивачите на играта – 2.638.294, откако имаше над 100.000 повеќе од Јанис Антетокумпо. Кари заврши пред неговиот соиграч во „Вориорс“, Кевин Дурант, откако собра 2.799.494 гласови.

 

Покрај Леброн Џејмс навивачите во првата петорка на Истокот ги избраа и Кајри Ирвинг, ДеМар ДеРозан, Џоел Ембид и Јанис Антетокумпо. На Западот, покрај капитенот Стеф Кари во првата петорка се најдоа и Кевин Дурент, Џејмс Харден и двајцата центри на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис и Демаркус Казинс.

 

Според новиот формат, нивната улога сега ќе биде многу позначајна, бидејќи тие ќе ги одредат своите тимови, откако ќе изберат од останатите осум играчи со најмногу гласови во анкетата без разлика на која конференција и припаѓаат, што ќе ја елиминира традиционалната поделба на Исток и Запад. Додека 14-те резерви пак, ќе бидат одбрани од тренерите во НБА-лигата, по седум од секоја конференција.

 

Финалните тимови ќе бидат јасни следната недела, а натпреварот ќе се одржи во Лос Анџелес на 18-ти февруари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи