Санчез во Јунајтед: Бројките зад овој трансфер се неверојатни!!

Facebook
Twitter
Email
Print

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја коментираше трансфер сагата помеѓу „црвените ѓаволи“ и „топџиите“ во која се вклучени Алексис Санчез и Хенрих Михтаријан. Португалецот потврди дека преговорите се во напредната фаза и истакна дека нема потреба да се крие и негира.

 

Дека зделката е веќе направена, потврди и Пеп Гвардиола кој му го честиташе трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед, иако истиот сè уште официјално не е потврден.

 

„Алексис е играч на Арсенал и мислам дека ќе прејде во Јунајтед, така што им честитам на направениот трансфер. Моето мислење за Алексис секогаш било исто, имавме убава соработка во Барселона, по тоа, како и сега, можам само да му посакам сè најдобро во кариерата“, изјави Гвардиола.

 

Манчестер Јунајтед ќе им платат 30 милиони фунти на „топчиите“ за трансферот, плус Михтаријан од кого сакаа да се ослободат.

 

„Би Би Си“ објави податоци кои за момент ќе ви го одземат здивот и ќе ви ја покажат колку била голема желбата на Мурињо да го „украде“ Санчез пред Гвардиола. Чилеанецот за четири ипол години „ѓаволите“ ќе ги чини цело богатство.

 

Санчез станува најплатен играч во историјата на Премиер лигата. Чилеанецот на годишно ниво ќе добива плата од 14 милиони евра нето, а уште 13 милиони клубот ќе треба да плаќа за данок. Што значи дека платата на Санчез изнесува 27 милиони фунти годишно (поточно 121 милион за четири и пол годишниот договор), а тоа го прави трет најплатен фудбалер во светот, веднаш зад Меси и Нејмар.

 

Репрезентативецот на Чиле ќе добие и 20 милиони евра за потпишување на договорот, а таа сума ќе му биде исплатена во текот на неговиот договор. И на крајот доаѓа провизијата на агентот на Чилеанецот, а таа изнесува 10 милиони фунти.

 

Кога ќе се пресметаат сите трошоци (платите за четири и пол годишниот договор, провизиите, износот на трансферот и сè останато), овој трансфер изнесува околу 180 милиони фунти, односно неверојатни 220 милиони евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи