За време на денешните протести на грчката заедница во Мелбурн дошло до вербална и физичка пресметка меѓу група демонстранти и Македонци кои од страна ги набљудувале протестите.
Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло најпрво до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат. Потоа дошло и до физичка пресметка, но за среќа, полицијата била во близина, па со употреба на солзавец успеала да спречи поголем инцидент.
Демонстрантите носеле пароли на кои пишуваше „Не за продажба на името Македонија“ и „Македонија секогаш ќе биде грчка“.