Националистички протест во Солун за името „Македонија“

Facebook
Twitter
Email
Print

Под паролата „Македонија значи Грција“, неколку грчки здруженија и организации на грчката дијаспора, денеска започнаа протестен митинг во Солун. Изминативе неколку дена, низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест.

 

Демонстрациите ќе почнат пред Белата кула, каде што се очекува да пристигнат 500 автобуси од различни делови на Грција. Полицијата проценува дека ќе има околу 30.000 демонстранти.

 

На митингот ќе зборуваат Стергиос Калогирос (бизнисмен, сопственик на ЗЕУС Тесалија, Вергина Македонија и на неколку ТВ-станици, инаку близок човек на Самарас), Костас Караискос (шеф на општинската граѓанска организација Спартакос од Комотини и шеф на „Антифонет“), Андреас Кефалојанис, поп од Крит, Никос Лигерос, професор, и Фрагулис Франгос (поранешен министер за одбрана и началник на ГШ на грчката армија).

 

Од политичките партии што се дел од грчкиот парламент, Сојуз на централисти и Златна зора, официјално соопштија дека ќе учествуваат во собирот, а не е исклучена можноста меѓу граѓаните да има пратеници и од другите грчки партии, меѓу кои и членови на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката влада.

 

Организаторите не прифаќаат било какво име за нашата држава кое ќе го содржи терминот Македонија и бараат организирање на референдум за ова прашање.

 

Грчкиот град денеска живее во ритамот на демонстрациите, со зголемено полициско присуство како поради протестот, така и поради контра-протестот што го организираат анархистички и левичарско ориентирани организации. Според нив национализмот предизвикува насилство и крв, што е пак според нив заеднички јазик на сите фашисти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи