Во Франција минатата недела бил спречен можен терористички напад. Уапсен бил 33 годишен маж од Париз, за кого има сомнение дека се подготвувал да изврши терористички напад.
Тој е уапсен во вторникот во јужниот град Ним, а во неговиот дом е откриен арсенал од експлозивни материјали.
Станува збор за прво вакво сомнение во Франција од почетокот на новата годината. Во минатата 2017 година беа спречени вкупно 20 терористички дејства.