Македонија вечерва доживеа добакл со Шпанија, нашите ракометари изгубија 31:20 во нивниот прв натпревар во главната фаза од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска.
Шпанците од самиот старт тргнаа напаѓачки и направија предност која што ја надградуваа и одржуваа во целиот натпревар.
Во првото полувреме во 12-тата минута повреда заработи и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој потоа го пропушти остатокот од мечот. Со тоа стана јасен и нашиот пораз. Неговата повреда дојде во моментот кога Шпанија водеше со 7-2, а нашите ракометари се уште чекаа прв гол од игра.
Со овој пораз Македонија паѓа на четвртата позиција во групата со пренесените 3 поени од првата фаза.
Данска се наоѓа на првата позиција со 6 поени, пред Германија и Шпанија со по 4, по што следуваат Македонија со 3, Чешка со 2 и Словенија со 1 поен.
Утре следува уште еден ден за одмор, а следниот натпревар Македонија го игра во вторник, против селекцијата на Чешкаво 20.30 часот, а во среда играме против Данска во 18.30 часот.