Поскапуваат горивата: Дизелот над 60 денари за литар

Facebook
Twitter
Email
Print

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

 

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит,  цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека пак екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 49,00 ден/лит.

 

Причина за корекциите се растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите 14 дена за 4,54%,како и понискиот курс на доларот во однос на денарот за 1,44%.

 

За помалку од 6 месеци горивата поскапеа и за 14 денари по литар.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи