Турци и Курди учествуваа во масовна тепачка на аеродромот во Хановер. Причината за немирите беше офанзивата на Анкара против курдските милиции во Сирија.
Курдите демонстрирале против турската воена кампања што започна минатата недела. На аеродромот во Хановер тие носеле знамиња на Курдистан и северна Сирија. Извикувале дека Реџеп Ердоган бил фашист и сакале да се запрат борбите, кога група од десетици Турци ги нападнале.
Полицијата интервенирала брзо, но две лица се повредени. Неколкумина се уапсени.