Ставре Јада, Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска ќе ја претставуваат Македонија во Пјеонгчанг

Македонските репрезентативци Ставре Јада, Антонио Ристески и Викторија Тодоровска ќе ја претставуваат Македонија на зимските олимсписки игри кои ќе се одржат во Пјеонгчанг, Јужна Кореја од 9 до 25 февруари.

 

Крушевчанецот Ставре Јада постигна А олимписка норма и ќе се натпреварува во дисциплината нордиско скијање.

 

„Се чувствувам подготвен, напорно тренирав во последниот период и очекувам добар резултат на Олимпијадата. Сега последно бев 10-тина дена на подготовки во Словенија. Ќе се натпреварувам во две трки, едната долга 1,6 км која е во дисциплината спринт и другата долга 15 км. слободен стил, за која особено се подготвував“, изјави за Инфо Компас, Ставре Јада.

 

 

Со А олимписка норма е и Антонио Ристески кој ќе се натпреварува во алпско скијање, а Викторија Тодоровска е B олимписка норма и таа ќе се натпреварува во нордиско скијање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien