Од деветте натпревари кои беа на програмата на НБА лигата синоќа, шоуто го „украде“ импресивната партија на Демаркус Казнс, кој во вчерашната победа на Њу Орлеанс Пеликанс против Чикаго Булс си обезбеди место во историјата на елитното натпреварување.
Њу Орлеанс Пеликанс победија на домашен терен против Чикаго Булс по две продолженија, а конечниот резултат беше 132:128. Сепак настапот на Казнс, кој запиша брутален „трипл-дабл“ со 44 поени, 24 скока и 10 асистенции, а притоа имаше и 4 украдени топки и 1 блок, и се приклучи на Карим Абдул Џабар (44 поени, 20 скока и 11 асистенции), кој остварил најмалку 40 поени и 20 скока, го украде целото внимание.
Таков учинок имале само уште тројца во историјата на лигата и тоа Вилт Чемберлејн (шест пати), Оскар Робертсон и Елџин Бејлор. Сите се членови на Халата на славните.
Дејвис исто така имаше одличен натпревар со 34 поени и 9 скока, но неговата статистика не можеше да дојде до израз поради импресивните бројки на неговиот соиграч. Во тимот на Чикаго неколку играчи беа во обид да го спречат поразот, а најдобри од нив се покажаа Лаури Марканен, Зек Лавин и Џеријан Грант. Марканен забележа 14 поени и 17 скока, Грант имаше 22 поени и 13 асистенции, додека Лавин додаде 19 поени.
НБА резултати:
Шарлот – Сакраменто 112:107
Аталанта – Јута 104:90
Хјустон – Мајами 99:90
Мемфис – Филаделфија 105:101
Милвоки – Феникс 109:105
Њу Орлеанс – Чикаго 132:128
Далас – Вашингтон 98:75
Денвер – Портланд 104:101
ЛА Клиперс – Минесота 118:126