Чешка го урна нашиот сон за историски пласман

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија загуби од Чешка со 24-25 и ги прокоцка сите шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска. Водевме со пет разлика на неполни 20 минути до крајот, но сѐ урнавме и го загубивме мечот во финишот.

 

Македонија одлично го почна натпреварот, поведовме со 4-1, во неколку наврати имавме предност и од четири разлика, но на одморот заминавме со водство од 13:11. Постигнувавме голови од сите страни, а одличен беше и Борко со седум интервенции во првите 30 минути.

 

И во второто полувреме тргнавме добро, ја зголемивме предноста, водевме и со пет голови разлика и наместо рутински да ја одржуваме предноста, следуваше пад, му дозволивме на противникот да не стигне и да влеземе во неизвесна завршница.

 

Отсуството на Кире Лазаров на теренот имаше големо влијание. Неговото искуство ни беше и повеќе од потребно. Нападот на нашата репрезентација во финишот на натпреварот воопшто не функционираше. На крајот имавме шанса и за израмнување на резултатот, но Манасков го промаши одлучувачкиот пенал, кој беше досуден на истекот на 60. минута, откако претходно постигна гол кој му беше поништен. Со тоа згаснаа сите надежи за историски успех.

 

Утре Македонија од 18:15 часот ќе игра против Данска, која е прва во групата со 6 бодови, Шпанија, Германија и Чешка имаат по 4, Македонија 3, колку и Словенија. Доколку победиме имаме шанса да стигнеме само до третата позиција во групата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи