Канадскиот премиер, Џастин Трудо, повторно предизвика интерес во јавноста со неговиот избор на чорапи. На Светскиот економски форумот во Давос тој се појави со сини чорапчиња на кои имаше прилично детски дезен, со жолти патки.
Меѓу светските политички лидери и бизнис елитата ова изгледа како несекојдневна комбинација, но Трудо е веќе познат по неговиот шармантен вкус за чорапи. Тој редовно се појавува во јавност со моделите на happy socks.