Штербик повторно дел од шпанската репрезентација!

Facebook
Twitter
Email
Print

Голманот на европскиот шампион Вардар, Арпад Штербик, итно е повикан да отпатува во Загреб каде што би можел да ѝ се приклучи на селекцијата на Шпанија на завршницата од Европското првенство во Хрватска.

 

Според информациите од таборот на „црвената фурија“, селекторот Жорди Рибера бара нов голманот по повредата на лигаментите на Перез де Варгас. Повеќе за неговата повреда ќе се знае денеска по снимањето со магнетна резонанца, но Шпанците не сакале да ризикуваат поради што му упатиле повик на Арпад Велики.

 

Тој се очекува попладнево да пристигне во хрватската престолнина, а ако Де Варгас не e способен да брани, тогаш неговото место во утрешното полуфинале против Франција ќе го заземе токму 38-годишниот чувар на мрежата на Вардар.

 

Штербик две години не настапил за „црвената фурија“, а последен пат застана на голот во финалето на Европското првенство во Краков, кое Шпанија го загуби од Германија пред две години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи