Шпанската фудбалска федерација со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки во Купот на Кралот.
Леганес, тимот од преградито на Мадрид, кој во средата, сензационално го елимина Реал, за пласман во финалето ќе игра двомеч против Севилја, која во четвртфиналето убедливо го елиминира Атлетико Мадрид.
Втората двојка ја формираа Барселона и Валенсија. Барселона изминатите три години е најдобра во Купто на Кралот.
Мечевите од полуфиналето се играат на 30 и 31 јануари, а возвратните дуели на 6 и 7 февруари. Големото финале ќе се одигра на 21 април.
? ¡ASÍ QUEDAN LAS SEMIFINALES!
? #CopaDelRey
⚽ @FCBarcelona_es ? @valenciacf
⚽ @CDLeganes ? @SevillaFC
? https://t.co/3KBWvvLGuH pic.twitter.com/TSxCzRALle— RFEF (@rfef) January 26, 2018