Баерн: Сакаме Хејнкес да остане!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, уште еднаш ја изрази желбата на клубот да го задржи Јуп Хејнкес за уште една сезона. Тренерот на баварците планира да се повлече од функцијата во текот на летото, но раководството на германскиот гигант прави сé што е можно за да го предомисли.

 

„Се обидувам да му објаснам на Јуп дека неговата мисија во Баерн сè уште не е завршена и се надевам дека ќе можам да го убедам да остане уште една година“, рече Хенес.

 

Во Баерн ја очекуваат конечната одлука на Хејнкес пред почетокот на март. Дотогаш, клубот нема да разговара со потенцијалниот заменик на искусниот специјалист. Меѓутоа, ако не успеат да го убедат, Томас Тухел има најголеми шанси да го предводи тимот од Минхен.

 

Баерн е убедлив лидер во Бундеслигата и продолжува напред за Германскиот Куп и Лигата на шампионите, каде што во 1/8-финале ќе се сретне со Бешикташ.

 

Хејнкес дојде како привремено решение после отказот на Анчелоти.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.