Одложен изборот на претседател на Владата на Каталонија

Спикерот на каталонскиот парламент Рогер Торен ја одложи расправата на регионалното собрание на која требаше да биде реизбран Карлес Пучдемон за лидер на новата влада, со што се одложи и неговото контроверно враќање во земјата.

 

Торен го брани правото на Пучдемон да биде реизбран за каталонски лидер и покрај тоа што судот забрани, по изборите од декември на кои сепаратистичките партии победија и поранешниот лидер беше официјално номиниран за кандидат за претседателство.

 

„Денешната седница ќе биде одложена, но во ниеден случај нема да биде откажана… нема да има друг кандидат“, изјави  Торен на прес-конференција.

 

Пучдемон, кој ја напушти Каталонија и замина за Белгија, откако Каталонија прогласи независност во октомври, се соочува со можност од апсење, ако се врати во Шпанија за да ја води сесијата во богатиот североисточен регион дом на 7,5 милиони луѓе.

 

Каталонските пратеници беа подготвени да го изгласаат за лидер денеска, но шпанскиот Уставен суд во саботата пресуди дека 55-годишниот Пучдемон мора лично да присуствува на седницата на којашто треба повторно да биде избран да ја води Каталонија. Судот забрани негово именување преку линковска врска, а исто така и својот глас да му го отстапи на друг пратеник во текот на гласањето.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien