Домашна крава избегала од својата фарма некаде минатата есен, и оттогаш е со стадо диви бизони.
Во ноември 2017-та, кравата беше забележана во полска шума од орнитологот Адам Збирит, додека лутала со околу 50 бизони на белоруската граница.
„Не е необично да се видат бизони близу шумата , но едно животно посебно ми фати око. Беше комплетно различна, посветла кафена боја од остатокот од стадото“, изјави Збирит за локални медиуми.
Со оглед дека тогаш кравата уште била млада, Збирит претпоставил дека наскоро ќе го напушти стадото и ќе се врати дома.
Но кравата е повторно забележана подоцна, овојпат од биологот и експерт за бизони Рафал Ковалчик. Ковалчик вели дека изгледала дека е во добра состојба, и сосема добро се снаоѓала меѓу стадото, односно се чини стадото ја прифатило кравата како свој член.
Дебелото крзно и благата зима во источна Полска имаат голем удел во тоа, вели биологот (воедно и директор на Истражувачкиот центар за цицачи, како и Полската академија на науки).