Легендарниот цртан на „Дизни“ за авантурите на Симба и неговите придружници Тимон и Пумба е најдобар анимиран филм на сите времиња, одлучија читaтелите на „Ранкер“.
„Кралот лав“, кој има заработено речиси милијарда долари, во разни анкети и избори редовно е прогласуван за најдобар анимиран филм. Во 2019 година ќе доживее и римејк, а новата верзија ќе ја режира Џон Фавро, додека за ликовите, гласовите ќе ги позајмат Сет Роген, Доналд Глувер, Бијонсе и Џејмс Ерл Џонс.
На второто и на третото место исто така се најдоа современи класици на анимацијата, но кои доаѓаат од конкурентското студио Pixar: „Приказна за играчките“ од 1995 година и „Барајќи го Немо“ од 2003 година.
Во гласањето учествувале 460 илјади луѓе.