Светската фудбалска асоцијација ФИФА во втората фаза од продажбата на влезниците за Светското првенство, коешто од 14-ти јуни до 15-ти јули годинава ќе се игра во Русуја, примила речиси пет милиони барања.

 

Имајќи предвид дека се примени 4.905.169 барања за влезници, ФИФА преку ждерпка, односно случаен избор, ќе ги одбере пријавените кандидати коишто ќе имаат право да купат влезници. Добитниците ќе бидат објавени до средината на март. Во првата фаза од продажбата, во втората половина од ноември, на овој начин беа продадени 742.760 влезници.

 

Според тврдењата на ФИФА, намногу од барањата доаѓаат од Русија (2.503.957), потоа од Германија (338.414), Аргентина (186.005), Мексико (154.611), Бразил (140.848), Полска (128.736), Шпанија (110.649 ), Перу (100.256), Колумбија (87.786), САД (87.052) и Холандија (71.096). Од Русија, се извршени 49 отсто од барањата.

 

Навивачите следната можност за купување влезници за мундијалот ќе ја имаат на 13-ти март, кога продажбата ќе се одвива во стварно време и влезниците ќе бидат потврдени веднаш во времето на нивно купување.