Нова мистерија околу малезискиот авион, исчезна и бродот што го бараше, па по три дена се појави

Facebook
Twitter
Email
Print

Малезиската влада кон почетокот на годинава ја ангажираше компанијата ,,Ocean Infinity “ за да ги најде остатоците од авионот што пред четири години без трага исчезна во водите на Индискиот океан. Бродот тргна во потрага на 22 јануари , но по десет дена мистериозно исчезна од радарите .

 

Цели три дена немало никаква трага ниту контакт со бродот. По три дена наеднаш се појави сигнал на радарите, што го лоцирале бродот надвор од територијата што требало да ја пребара. Нема информации каде пловел бродот тие три дена , ниту како е можно да нема никаква комуникација .

 

Семејствата на исчезнатите патници во авионската несреќа сега бараат од владата и од компанијата да им објаснат каде патувал бродот три дена и дали нешол некаква трага од авионот.

 

Експертите сметаат дека бродот намерно ги исклучил сите врски за да не им создава дополнителна траума на членовите на семејствата. Во авионот што леташе од Куала Лумпур кон Пекинг на 8 март 2014 имало 239 патници и членови на екипажот .

 

Пред исчезнувањето од радарот, авионот направил нагло свртување кон Индискиот океан, по што му се губи трагата .

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи