Руски нуклеарни научници уапсени за копање биткоин

Неколку научници од руско научно одделение во Саров наводно се обиделе да копаат биткоини на силни компјутери во тој строго чуван центар.

 

Меѓутоа, припадници на руската Федерална служба за безбедност ги уапсиле осомничените кога се обиделе да искористат некои од најмоќните супер компјутери за стекнување со биткоини.

 

Федералниот нуклеарен центар во Саров, на западот од Русија, е затворена област и е под специјален безбедносен режим.

 

„Дојде до неовластен обид за користење на компјутери во лични цели, вклучувајќи таканаречено „копање“, соопшти Центарот во Саров.

 

Супер компјутерот не би требало да биде поврзан на интернет од безбедносни причини, а кога научниците се обиделе тоа да го направат, веднаш е известено безбедносното одделение на нуклеарниот центар.

 

Инаку, првата атомска бомба на Советскиот сојуз е произведена токму во Саров, за време на Сталин.

 

Саров во време на студената војна бил државна тајна и не се наоѓал на советските мапи, а посебни дозволи за влез во центарот на Русите се потребни и денес. Нуклеарниот центар Саров во 2011 година набавил супер компјутер кој во тој момент бил 12 најмоќен компјутер на светот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.