Во време на економска нестабилност, инвестициите во злато се најприфатлив и најстабилен избор. Според Светскиот совет за злато, во 2017 бил забележан пад од 7% на побарувачката во однос на 2016.
Централните банки ги зголемија златните резерви со едвај 371 тони во 2017 година, што е 5% помалку во однос на растот на резервите во 2016 година.
Според податоците на Светскиот совет за злато, ова се државите (и правни субјекти) со најголеми резерви:
20. Шпанија – 281,6 тони – 16,9%
19. Либан – 286,8 тони – 21,3%
18. Казахстан – 301 т – 40,2%
17. Обединето Кралство – 310,3 т – 8,5%
16. Саудиска Арабија – 322,9 т – 2,7%
15. Португалија – 382,5 т – 61%
14. Тајван – 423,6 тони – 3,7%
13. ЕЦБ – 504,8 тони – 28,2%
12. Индија – 558,1 т – 5,6%
11. Турција – 564,8 тони – 21,8%
10. Холандија – 612,5 т – 66,3%
9. Јапонија – 765,2 тони – 2,5%
8. Швајцарија – 1040 т – 5,4%
7. Русија – 1838,8 т – 17,7%
6. Кина – 1842,6 тони – 2,4%
5. Франција 2436 т – 64,9%
4. Италија – 2451,8 т – 67,5%
3. ММФ – 2814 тони
2. Германија – 3373,6 тони – 70,2%
1. САД – 8133,5 т – 75%
Податоците се ажурирани на 1 февруари 2018 година . Во проценти е наведен износот на златните резерви од сите резерви на банката.
Според овие податоци, Турција и се приклучи на Русија како најголем купувач меѓу централните банки.