Бутарис: Грција да размисли за преименување на солунскиот аеродром „Македонија“

Facebook
Twitter
Email
Print

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, и дека ова име го поделило светот, а тоа е лошо за сите.

 

„Не велам дека треба да се промени името, но јавно го начнувам ова прашање за да размислиме, бидејќи името „Македонија“ го подели целиот свет, а нѐ подели и нас самите. Од тоа губиме сите“, истакна Бутарис.

 

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните. Како дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

 

Бутарис ги дефинира како нереални стравовите во Грција од Македонија.

 

„Денес има реална можност од решавање на проблемот. Секое негово одложување ќе и наштети на Грција. Подобро е да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 отсто од ништо. Ја загубивме битката во судот во Хаг, не можеме да го задржуваме повеќе НАТО ветото“, рече Бутарис.

 

Градоначалникот на Солун се соочи со жестоки напади по неговите јавно изнесени ставови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи