Масакрот на 21. век се случува во Источна Гуча во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Сириската војска денеска продолжи со своите жестоки напади врз енклавата на бунтовниците во Источна Гута во близина на Дамаск, при што загинаа уште пет лица, а беа повредени повеќе од 200. Со тоа бројот на загинати се искачи на 250 лица во последните 48 часа, вклучително и 60 деца. Стотици се ранети, а болниците не се во состојба да се грижат за сите повредени поради нанесените сериозни штети.

 

„Сириската армија од воздух бомбардира делови од енклавата во која под опсада на силите на Башар ал Асад од 2013 година, се околу 400.000 жители“, објави Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).

 

Граѓанската војна сега влезе во седмата година, а Асад се обидува да ја врати територијата што ја држат бунтовниците преку „целосна воена победа наместо постигнување договор“.

 

Во сириските напади се гаѓаат пекарници, магацини што може да имаат храна, патишта по кои патуваат хуманитарни организации и амбулантни возила, како и други витални средства за опстанок на цивилите. ВО нападите се користат касетни бомби, како и хемиско оружје.

 

Бројот на жртвите се зголемува, бидејќи медицинските установи исто така се меѓу целите – во понеделникот беа погодени четири импровизирани болници.

 

„Сведоци сме на масакрот на 21 век. Што е поголем тероризам од убивање цивили со секакво оружје? Дали ова е војна? Ова не е војна. Ова се вика масакр“, изјави еден од лекарите во овој регион.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи