„Брадата“ ги омаловажува противниците, Хјустон реди победи

Џејмс Харден и Хјустон продолжија да ги тероризираат противниците протегајќи ја својата серија до 14-та победа по ред, во НБА-лигата.

 

Синоќа настрада Лос Анџелес Клиперс со 105-92, a Харден овој пат беше „скромен“ со 25 поени и седум асистенции.

 

Посебно импресивен беше неговиот дриблинг против Весли Џонсон, со кој ги „скрши“ зглобовите на противникот и додека тој беше на подот, Харден погледна во него, го почека да стане и уфрли тројка. Ваквиот потег на Харден беше окарактеризиран како понижување на противникот….Погледнете!

 


 

Хјустон упорно го чува врвот на Западот од Голден Стејт, кој исто така паралелно победува.

 

 

Резултати:

 

Детроит Пистонс – Милвоки Бакс 110:87

Орландо Меџик – Торонто Репторс 104:117

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 107:102

Бостон Селтикс – Шарлот Хорнетс 134:106

Вашингтон Визардс – Голден Стејт Вориорс 101:109

Мемфис Гризлис – Феникс Санс 102:110

Далас Маверикс – Оклахома Сити Тандер 110:111

Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 116:121

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien