Арсенал синоќа повторно загуби од лидерот во Премиерлигата Манчестер Сити, претходно во финалето од Лига Купот со 0-3, а последниот пораз беше пред своја публика, и тоа со идентичен резултат.
Пред речиси полупразни трибини, играчите на Арсен Венгер добија уште една лекција од милениците на Пеп Гвардиола во рок од само неколку дена, а ако фановите на клубот го изразија своето незадоволство по крајот на мечот, има реакции кои стана крајно популарни на социјалните мрежи.
Еден од спонзорите на тимот од Лондон, букмејкерската компанија „SportPesa“ ја тролаше екипата на Арсен Венгер за време на пресметката со Манчестер Сити, не беа поштедени ниту големите засилувања Хенрих Мхитарјан и Пјер-Емерик Обамејанг, па еве како изгледаше сето тоа…
Првиот твит гласеше: „Уште еден час до крајот на ова… Стоп, стоп!“
Потоа на ред за потсмев дојдоа двете најголеми засилувања на „Топџиите“ Обамејанг и Мхитаријан: „Пјер…направивме огромна грешка што дојдовме тука, другар“.
Потоа на ред стаса и тренерот на Арсенал, Арсен Венгер: „Пенал? Можеби ако дадат сега гол ќе добијат сила и ќе направат пресврт…Ох. Ох, не“.