По неколку месеци во кои се водеа силни преговори, шпанската фудбалска федерација и шпанската Ла Лига денеска конечно донесоа конечна одлука за имплементирањето на ВАР технологијата за наредната натпреварувачка сезона.
Како што информираат од двете страни, формирањето база за проучувањето на ВАР технологијата ќе започне веднаш, а директор на проектот и воедно одговорен за одлуките кои ќе се носат наредната сезона ќе биде поранешниот шпанскиот судија, Веласко Карбалјо. Караблјо како директор ќе го води големиот новитет во Примера, а помошници ќе му бидат Серхи Санчез како директор на телевизијата и Карлос Клос Гомез.
Со ова, шпанските судии уште сега се известени дека наредната сезона ќе имаат помош од судиите во позадина, а тоа значи дека во наредниот период и тие ќе бидат дел од обуката за проучување и усовршување на комуникацијата меѓу двете страни, за што помалку губење време додека се носи одлука за спорна ситуација.
Системот се користи и во други водечки првенства во Европа, меѓу кои италијанското и германското, а утре Бордот на меѓународната фудбалска асоцијација треба да донесе одлука за нејзино користење за време на Светското првенство во Русија.