Холандската ѕвезда Денис Бергкамп беше стрелец на голот пред точно 16 години против Њукасл, кога му го помати умот со еден потег на својот чувар Никос Дабизас.
После деценија и половина, сè уште никој не успеал да го ископира потегот на холандскиот велемајстор.
„Неверојатен гол. На сите ни е чест што го гледавме. Ваков гол често нема да видите“, рече тогаш Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал.
Овој погодок на Бергкамп е избран меѓу најубавите во историјата на англиската Премиерлига.