Пуџдемон го отстапи местото на својот колега Санчез

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон му го отстапи своето место на шеф на владата на сопартиецот Жорди Санчез.

 

Во видео порака од Брисел, каде штп Пуџдемон престојува веќе четири месеци, изјави дека привремено нема да учествува како кандидат за претседател на Владата. Во 13 минутно видео споделено на социјалните медиуми во четврток вечер ги потврди наводите дека се откажува од кандидатурата за претседателство. Кажа дека „со најголема тага“ го информирал говорникот на каталонскиот парламент дека не може да ја преземе функцијата и дека треба да се избере алтернативен кандидат.

 

„Никој подобро не ги претставува вредностите на Заедно за Каталонија од него, тој е човек на мир кој неправедно е затворен во затвор во Шпанија“, рече Пучдемон.

 

Во потегот кој веројатно ќе се смета за формирање влада во егзил, Пучдемон кажа дека планира да основа фондација во странство – Совет за Републиката – за да ја промовира независноста на Каталонија.

 

„Нема да се повлечам, нема да се откажам пред нелегитимното однесување на оние кои изгубиле во гласачката кутија или пред каприциозноста на оние кои се подготвени да го казнат владеењето на правото и правдата по цена на национално единство“, рече тој.

 

Неговата одлука следува откако регионалниот парламент гласаше и го призна Пуџдемон како иден шеф на владата.

 

Санчез е притворен поради соучество во референдумот за независност, па на неговиот избор се спротивставуваат партиите коишто се залагаат за обединета Шпанија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи