ВИДЕО – Протест во Скопје против промена на името

Facebook
Twitter
Email
Print

Илјадници граѓани се собраа денеска на протестниот собир во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде побараа итен прекин на преговорите со Грција.

 

Пред присутните се обрати и актерката Камка Тоциновски која директно ја праша власта:

 

„Кој ве овласти да преговарате за името и идентитетот, зошто вршите притисок врз јавноста дека ова е историски момент за влез во НАТО?“.

 

 

 

 

Според неа, недемократски е да се замолчуваат оние кои не се дел од преговорите, бидејќи граѓаните имаат право да бидат информирани. Како што рече Тоциновски ова се права што му припаѓаат на секој поединец, но и на секој народ на светот според Декларацијата за човекови права на ОН.

 

Пред насобраната толпа се обрати уште една актерка – Арна Шијак која посочи дека се бара од Владата да престане со пропагандата.

 

„Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до собранието на ОН каде Македонија е рамноправна членка со сите членки кои ја признаа под уставното име. Да се стави крај на референцата… наместо да ѝ давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, обрнете внимание внатре. Нитуедна меѓународна инстанца нема да ни ја заврши нашата домашна задача. Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство со тоа што ќе ги завршиме работите внатре“ .

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи