Германската Социјалдемократска партија (СПД) гласаше за предложената коалициска влада со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел. Околу 460 илјади членови на Социјалдемократите гласале и мнозинството го поддржа повторното формирање голема коалиција.
Против коалицијата биле главно припадниците на помладото, радикално крило. Со ова заврши петмесечната политичка криза во Германија, по изборите што се одржаа во септември минатата година.
Ангела Меркел е веќе 12 години канцеларка. Сега и претстојат нови предизвици бидејќи во германскиот парламент седат и ултрадесничарите од партијата „Алтернатива за Германија“ која ја претставува најголемата опозиција.
Се очекува парламентот да се состане следната недела, кога треба да ја избере Ангела Меркел за канцелар, потврдувајќи ја нејзината позиција како еден од доминантните политичари во Европа.