Џенова и Каљари требаше од 12:30 часот да го одиграат својот натпревар, но токму кога играчите излегоа на теренот се дозна дека во Удине, во текот на вечерта починал фудбалерот на Фиорентина и италијански репрезентативец.
Од клубот излегоа првите информации дека Астори, кој пред две недели стана татко, синоќа се дружел со соиграчите, одмарал во хотелот во пресрет на мечот, но утринава не се појавил на тимскиот појадок.
„Не се појави на појадокот закажан за 9.30 часот иако обично доаѓа меѓу првите. Отидовме да провериме. Давиде спиеше сам во собата. Сеуште не ја знаеме причината за смртта. Лекарите само ја потврдија. Телото е однесено на аутопсија, моментално не знаеме повеќе детали”, велат од Фиорентина.
На молба на играчите, клубовите и претставникот на Унијата на играчи, Дамиано Томаси, откажани се сите мечеви од Серија А кои требаше да се играат денеска.
Од 2015 година Астори играше за Фиорентина. Кариерат ја почна во Милано, кад ебеше до 208 година, а потоа настапуваше и за Каљари и за Рома
Имаше и 14. настапи за италијанскиот национален тим.