Tоплес активистка се соочи со Берлускони

Facebook
Twitter
Email
Print

Разголена припадничка на феминистичката група Фемен упаднала на гласачкото место во Милано, додека во моментот таму гласаше поранешниот премиер Берлускони (81).

 

Жената на чии гради со црн маркер беа испишани зборовите „Берлускони, ти истече рокот“, а на грбот и пишуваше Фемен, скокна на маса додека тој гласаше. Поранешниот премиер во придружба на обезбедувањето веднаш ја напушти просторијата.

 

 

Берлускони, кој има 81 година, не може да учествува во трката за премиер поради пресуда за даночна измама, но се очекува да има клучна улога во идната влада на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, кој е негов кандидат за премиер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи