ВИДЕО – Земјоделците од Прилеп : Досега се увезуваше брашно со помал квалитет од оној кој го пишува на декларациите

Земјоделците членови на Регионалниот сојуз на земјоделци „Клас“ од Припеп излегоа со став дека ја поддржува одлуката на Владата на увезеното брашно од Србија прво да му се провери квалитетот, па дури потоа кај нас тоа да добие маркици. Велат дека иако овој закон постои со години, тој не се почитувал и се сомневаат дека кај нас досега се увезувало брашно со помал квалитет од оној кој го пишувало на декларациите.

 

 

„Доколку се има контола на увоз на самата граница мислиме дека брашното тип 400 нема да биде тип 400, претпоставуваме дека е така. Втора работа неможе нашиот производ, пченицата, да има целосна контрола при откуп, а обратно да увезуваме неконтролиррано брашно. Мислиме дека и нашата пченица и брашното се изедначени со квалитетот доколку се применуваат мерките кои се донесени од многу порано. Нема проблем помеѓу Министерството за земјоделство од Македонија и Р. Србија, но мислиме дека се работи за непримена на законот во Македонија од страна на увозниците. Министерството за земјодлество не сака ништо помалку ниту повеќе туку сака примена на законот кој е донесен повеќе години. Тоа значи дека при увоз на секоја роба од друга држава треба да има контрола на самата граница. Досега таков пример сме немале, обично штом брашното се товареше од Србија директно одеше кај преработувачите на брашно, а потоа на анализа“, истана Перо Стојкоски, претседател на регионалниот сојуз на земјоделци „Клас“ од Припеп.

 

Досега и да се утврдело дека брашното не е квалитетно Инспекторатот немало кај кого да се жали бидејќи веќе тоа брашно било потрошено. Сметаат дека и македонската пченица е исто толку квалитетна како увозната.

 

„Претпоставка е дека брашното го увезуваат наши домашни фирми, претежно од министерствот за земјоделство или од некое друго министерство. Апелираме до министерството за земјоделство јавно да ги каже увозниците во Македонија, јавно да ги повика нив, млинарите и земјоделците за да се најде решение за пченицата која што сеуште не е откупена. И денеска се откупува по цена од 9 до 11 денари по килограм од страна на сточарите. Откако ќе се најде решение за нашиот производ увозниците можат да увезуваат брашно и пченица. Ако има контрола на граница јас тврдам дека ние ќе имаме далеку поквалитетни приноси во однос на производството на пченица“, додаде Стојкоски.

 

Моментално во домашните амбари во Македонија имало уште околу 30.000 тони неоткупена пченица, од реколтата која тежела околу 150.000 тони. А на Македонија годишно и биле потребни околу 250.000 тони пченица. Но од тие 30.000 тони, околу 20% ќе била расипана затоа што немало услови за домашно чување на пченицата. Затоа земјоделциите бараат решавање и на овој проблем.

 

„Ако се применува правилникот како што треба за нас земјоделците ќе биде добро затоа што ќе добиеме повисока цена, а вака сега се увезува брашно со недобар квалитет, паѓа цената на брашното и врз основа на тоа самите мелници си ја ставаат сами цената за наредната реколта за откуп. Автоматски нас ни викаат производителите дека ќе увезат брашно поефтино отколку што е домашното производство“, рече Томе Здравески, земјоделец.

 

Земјоделците се сомневаат и тоа дека и вешташчките ѓубрива кои се увезуваат кај нас не ги содржат материјалите кои што се на декларацијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи