За првпат владини претставници од Јужна Кореја пристигнаа во Пјонгјанг во дводневна посета, каде треба да се сретнат со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, со цел подобрување на односите и решавањето на кризата околу севернокорејската нуклеарна програма.
Десетчлената делегација која ја предводи Чунг Еуи Јонг, советник за национална безбедност и специјален претставник на претседателот Мун Џае Ин, треба да го отворат патот за преговори на Северна Кореја со САД.
Пред тргнувањето Чунг на новинарите им кажа дека на Северот ќе му пренесе дека Мун се надева на нуклеарно разоружување на Северна Кореја и постојан мир на Корејскиот полуостров.