Денеска во Општина Прилеп се одржа 5-тиот по ред т.н. „Граѓански парламент“ на кој градоначалникот Јованоски на присутните им го објасни начинот на кој ќе бидат распределени 7,5 милиони денари на граѓанските здруженија и спортски клубови по однос на ниивните апликации за огласот кој беше објавен од 1 до 28 февруари оваа година.
„Аплицирани се околу 136 апликации од сите граѓански здруженија, спортски друштва, клубови и невладини организации. Денес ќе ги известам сите присутни за начинот на поделбата на средствата. Ова е еден од договорените работи кои ги направивме и кои ги предложиив порано за транспарентно доделување на средствата кои ги доделува општината на граѓанските здруженија, невладините организации и спортските клубови. Во наредните неколку денови Комисијата за финансирање и буџет ќе ги распредели тие средства во рамките на можностите и во рамките на она што беше дозволено. 5 милиони денари ќе бидат доделени на спортските клубови, а 2,5 милиони денари за невладините организации и граѓански здруженија. Парите ќе бидат поделени според големината на клубот, во која лига се натпреварува, во кој спорт. И во јавниот оглас беше кажано лани оние кои добиле средства од Општината во нивната апликација да наведат каде и како ги потрошиле парите, тоа беше еден условите да добијат и оваа година. Сумата која ќе ја добијат овие здруженија е иста како и лани“, истакна Јованоски.