Иран тројно го зголеми производството на ракети, тврди Амир Али Хаџизадех, бригаден генерал во елитниот корпус на гардата на Исламската револуција, без да прецизира за колкав временски период станува збор.
„Нашето производство е тројно зголемено во однос на минатото“, истакна иранскиот генерал за локалните медиуми.
Генералот не прецизира за колкав временски период станува збор. Тој само истакнал дека Владата, парламентот и други институции во Иран одлучиле дека земјата има поголема потреба од ракетите „земја-земја“.