Меѓународниот ден на жената, 8 Март беше одбележан низ целиот свет. Со овој празник се одбележуваат културните, економските и политичките достигнувања на жените. Низ цел свет празникот беше прославен во различни форми, дури и во Париз беше осветлена Ајфеловата кула и имаше моќни говори за еднаквост во општеството.
„Пред сè, нашата порака се однесува на сите мажи и на целото општеството бидејќи нашата војна не е војна против нив, туку за еднаквост. Секогаш кога една жена напредува, нашето општество чекори повеќе кон мирот, поголемата еднаквост, помалку сексизам и помалку насилство. Од ова добиваат сите, дури и мажите“, вели Ана Хидалго, градоначалничка на Париз
Во главниот град на Филипините во Манила, стотици жени облечени во розева и виолетова боја, излегоа на улиците во знак на протест против 4.000 луѓе кои биле убиени за време на претседателствувањето на Родриго Дутерте. Активистите за човекови права велат дека заклетвата на Дутерте за убивање на илјадници дилери со дрога, ја натерало полицијата да изврши нелегални убиства на осомничените дилери и корисници на дрога.
Во Сеул, жените го искористија денот за да ја зголемат поддршката за движењето „Ми ту“, кое се роди во САД против сексуалните напади. Движењето се прошири низ Азија, откако обвинителка во јануари објави дека ѝ таа била нападната од еден колега пред неколку години, што довело до пад на многумина мажи од висок профил, вклучувајќи ѝ гувернер на провинцијата кој бил водечки претседателски кандидат пред тој да биде обвинет за силување на неговата секретарка.
И, жените во Шпанија ќе отсуствуваат од работа, за да учествуваат на „феминистичкиот штрајк“ за да ги истакнат социјалните и економските разлики помеѓу мажите и жените, вклучувајќи ги и огромните разлики во платите. Една неодамнешна студија покажала дека шпанските жени во просек биле платени речиси 13 отсто помалку од нивните машки колеги.
Во индискиот главен град, Њу Делхи, стотици жени протестираа со плакати и транспаренти на кои пишуваше „Обединетите се бориме, Обединетите победивме“, „Не силувај“ и „Моето тело, мој избор“ протестирајќи против семејното насилство, сексуалните напади и дискриминацијата на работни места и платите.
Во Мјанмар, де факто лидерката Анг Сан Су Чи ги повика жените да изградат мирољубива демократија користејќи ја својата сила во политиката, економијата и социјалните прашања.
Во Авганистан, стотици жени, кои се плашеа да ги напуштат своите домови за време на талибанското владеење, се собраа во главниот град Кабул, да ги потсетат своите водачи дека треба да се направи многу повеќе за да и` се даде глас на жената авганистанка, да се обезбеди нејзиното образование и да се заштити од зголемување на насилството.
И во Кина, студентките на Универзитетот Цунгуа ја искористија оваа пригода за да ги разгледаат предложените уставни амандмани за ограничувања на мандатот за претседател на земјата.