ВИДЕО – Џ.К. „Бушидо“ на прием во Општина Прилеп по освоените 10 медали на меѓународниот турнур во Војводина

Членовите на џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, откако освоија 10 медали на меѓународниот турнур кој неодамна се одржа во Војводина. На турнирот учествувале околу 300 натпреварувачи од 9 држави. „Бушидо“ на турнирот присуствувале со својата трета екипа, односно со помладите пионери и пионери родени 2004 до 2008 година.

 

 

„Во оваа прилика сакам да им честитам на младите џудисти од џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп кои на меѓународниот турнир во џудо што се одржа неодамна во Србобран во Војводина учествуваа со 10 натпреваривачи и при тоа освоија 10 медали. Тоа е личен успех за нив, за џудо клубот, а исто така и за Општина Прилеп и за Македонија. Ретко се случува 10 спортисти да отидат на меѓународен натпревар и да освојат и да освојат исто толку медали“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Круна на посетата било тоа што после 3 години соработка и помагање се збратимиле двата клуба Џ.К. „Бушидо“ од Прилеп и Џ.К. „Турија“. Тренерот Рубин Пеески ја изјави дека за оваа гофина планирале учество на 9 меѓународни турнири во странство.

 

„Од името на клубот им се заблагодарувам на Општина Прилеп за дадената поддршка и за давањето стимул и шанса на овие млади луѓе да го претставуваат Прилеп и Македонија секаде на меѓународните натпревари кои ние ги имаме оваа година. Планираме околу 9 излегувања на турнири надвор од Македонија оваа година, во различни држави, а исто така работиме на тоа да еден од нашите натпреварувачи замини на еден од европските купови, европските шампионати и се надевам дека и од таму ќе донесеме медали како што тоа го направивме за овој меѓународен турнир на кој 10-те мои ученици ги освоија 10-те медали и беа непоразени на турнирот. На турнирот во Србобран учествуваа 9 држави со околу 300 учесници. Имаше постари пионери, помлади пионери, односно деца од 2004 до 2008 година“, истакна Рубин Пеески, тренер на џудо клубот „Бушидо“.

 

Меѓу наградените се :

 

Девојки :

 

  • Ема Димитриоска 2 место
  • Мартина Јанкоска 3 место
  • Стефанија Петреска 3 место
  • Елеонора Илиоска 3 место

 

Момчиња :

 

  • Кај момчината најмногу изненади Христијан Здравески, кој како почетник со багаж зад себе од 5 месеци го освои 2-рото место
  • Филип Петроски 3 место
  • Миле Грижоски 3 место
  • Филип Попоски 3 место
  • Лука Филипоски 3 место
  • Кристијан Маѓероски 3 место

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien