САД останува најголемиот извозник на оружје во светот

САД ја зајакна позицијата на водечки извозник на оружје во последните пет години, обезбедувајќи една третина од оружјето во светот, се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).
Според Институтот, во периодот од 2013 до 2017 година за 10 проценти е зголемено купувањето на оружје во светот.
Во тој период уделот на САД е 34 проценти од светската продажба, при што извезле оружје во најмалку 98 држави. Голем дел од американскиот извоз бил на воени и транспортни авиони.
Речиси половината од извозот на американснко оружје е за Блиски Исток, а една третина во Азија. Саудиска Арабија е најважен клинент на американската воена индустрија, односно 20 проценти од увезеното оружје од САД.
Русија и понатаму е втор по големина извозник на оружје во светот со околу 20 проценти од светските достави и извезува во 47 држави, Повеќе од половината од рускиот извоз на оружје е насочен кон Индија, Кина и Виетнам.
На трето место е Франција, а потоа следат Германија и Кина.
Индија, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Кина добиваат една третина од извозот на оружје.
Индија со 12 проценти е најголем светски увозник на оружје, а најголеми доставувачи се Русија, САД и Израел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien