Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е загрижен од желбата на Нејмар да го напушти клубот. Спортскиот директор, Антеро Енрике се очекува да замине за Бразил, каде најскапиот напаѓач во светот се опоравува од операција.
Таму ќе разговара со Нејмар и ќе се обиде да го убеди да остане. Главниот аргумент е дека тимот ќе биде изграден околу него, а кога ќе бидат привлекувани нови играчи, ќе се зема предвид мислењето.
Покрај тоа, клубот ќе потпише со оние играчи кои ќе бидат предложени од напаѓачот на бразилската репрезентација.