Според податоците на хрватските власти, прогласена е вонредна состојба во Хрватска Костајница, која ја поплави реката Уна.
Pripadnici HV-a stigli u pomoć stanovnicima Hrvatske Kostajnice. Una i dalje u porastu. @hrtvijesti @HRT4Studio4 pic.twitter.com/JX1ftKH9uo
— Igor Ahmetović (@Igor_Ahmetovic) March 13, 2018
Во Карловац утрово нивото на реката Корана беше на 779 сантиметри со тренд на раст од еден сантиметар во час, поради што е прогласена вонредна состојба.
Водостојот на реката Купа утрово беше на 771 сантиметар. И на подрачјето на реката Лика во Селиште е прогласена вонредна состојба.
Поради поплавите затворени се голем дел од сообраќајниците во областа.