Сонот на Јане Велковски стана јаве – малиот херој се дружеше со ѕвездите од Манчестер Јунајтед

Малиот Јане Велковски кој изминатото лето ја освои фудбалската јавност ширум Европа, откако беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, по што доби директна покана од Пол Погба да го следи Манчестер Јунајтед против Севиља на легендарниот „Олд Трафорд“, вчера пристигна во хотелот „Лаури“ каде заедно со ѕвездите на Јунајтед ќе престојуваат овие денови.

 

 

Хотелот Лаури е местото каде што престојува и Жозе Мурињо и каде обично се собира тимот во карантин пред важни натпревари.

 

Јане се сретна со Фелаини, Санчез, Матиќ и ред други фудбалери на Манчестер кои му подарија дрес со автограми, а денеска се очекува лично да се запознае и со својот идол Погба.

 

 

Вечерашниот натпревар од Лига на шампиони меѓу Манчестер и Севиља ќе биде остварување на уште еден негов сон, бидејќи тој ќе има можност да го гледа на Олд Трафорд.
Покрај тоа што им ги стопли срцата на светски познатите ѕвезди Фиго, Пирез и Нуно Гомеш, Јане доби поддршка и од многу наши познати спортисти како Пандев, Антиќ, Несторовски, а беше дел и од ФК Вардар во Лига Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien