Барселона е фаворит, но Челзи е тим кој што може да изненади секого

Барселона е поблиску од Челси до 11-от последователен пласман во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), најмногу поради ремито и голот на гости (1-1) на првиот осминафинален меч на „Стамфорд бриџ“ во Лондон. Лионел Меси на тој меч го скрши мразот и по осум сушни натпревари, на деветтиот, конечно, постигна гол против Челси.

 

Челси се смета за аутсајдер во овој двомеч, обложувачниците му даваат минимални шанси за пласман меѓу осумте најдобри, но не треба да се заборави на фактот дека тимот од Лондон ремизира на последните четири меча на гости против Барса во сите натпреварувања, односно не е поразен на последните девет средби.

 

Но за да ја поминат оваа пречка, треба да постигнат најмалку еден гол и да не примат, или да ја победат Барселона, која не е поразена на последните осум меча во ЛШ.

 

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека нема тајна формула за успех во денешниот реванш со Челзи од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите. Во првата средба Барса извлече реми 1: 1 во Лондон, но тренерот е свесен дека Англичаните се тим кој може да изненади секого.

 

„Тоа е тим кој може да те казни во секое време. Очекувам да го менуваат планот на игра во зависност од резултатот. Резултатот од првиот натпревар ни дава предност, но ќе биде тешко да го задржиме. Не знам што ќе се случи. Тие може да наметнат висок пресинг, како што направија во првиот натпревар во Лондон. Знаеме исто така дека кога се бранат, тие се многу стабилен тим и поседуваат фудбалери со сериозни индивидуални квалитети. Нема тајна формула за успех против слични тимови, ниту има јасен план, бидејќи тие се тимот со најмногу контранапади во последниот круг“, вели Валверде.

 

Натпреварот Барселона-Челзи се игра вечерва од 20:45 часот на Ноу Камп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien