Вестбрук влезе во одбрано друштво – 100-ти трипл-дабл за ѕвездата од Оклахома

Расел Вестбрук влезе во клубот 100 по направени „трипл-дабл“ учиноци, откако ноќеска заврши со 32 поени, 12 скокови и 12 асистенции во победата на Оклахома над Атланта со 119: 107.

 

Расел Вестбрук  стана четвртиот играч во историјата со најмалку 100 трипл-дабл оставрувања во кариерата. Пред него на вечната листа се уште Оскар Робетсон (181), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

 

„Јас сум само среќен што сум во такво друштво, бидејќи тоа се луѓе од Салата на славните и одлични играчи. Чувството е неверојатно, бидејќи никогаш не сум мислел дека ќе дојдам до оваа ситуација. Да гледам деца со мојот дрес и обожавателите како ми аплаудираат е едноставно посебно. Сепак, јас никогаш не го земам тоа здраво за готово“, рече Вестбрук.

 

 

Победата беше четврта последователна за Оклахома, но не дојде лесно. Вестбрук постигна или асистираше за 12 од последните 15 поени на својот тим. Со успехот „Тандерс“ го подобрија балансот до 41-29 и се искачија до 4-то место во Западната конференција, но разликите остануваат многу мали и тимовите постојано ги менуваат позициите на табелата.

 

Останатите резултати:

 

Филаделфија – Индијана 98: 101
Вашингтон – Минесота 111: 116
Њујорк – Далас 97: 110
Бруклин – Торонто 102: 116
Чикаго – Л.А. Клиперс 106: 112
Њу Орлеанс – Шарлот 119: 115
Сан Антонио – Орландо 108: 72
Јута – Детроит 110: 79
Феникс – Кливленд 107: 129
Л.А. Лејкерс – Денвер 112: 103

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien