Долниот дом на германскиот Парламент ја реизбра лидерката на Демохристијаните, Ангела Меркел за Канцелар на Германија, по четврти пат.
364 пратеници гласаа „за“, 315 беа „против“, додека деветмина се воздржаа од гласање. Владината коалиција на Меркел, во која влегуваат Христијанско- социјалната унија и опозициската Социјалдемократската партија има вкупно 399 места во Бундестагот кој има вкупно 709 члена.
„Го прифаќам изборот“, изјави Меркел по гласањето.
Истата коалиција беше на власт во изминатите четири години, но формирањето нова коалиција беше тешка задача. Гласањето во Бундестагот се случи 171 ден по септемвриските избори, што е рекорд во должината на формирањето влада, дури и двократно.
Европската унија, миграцијата и азилантите, Брегзит и домашната економија се главните точки од програмата на канцеларката.
Меркел сега ќе предводи влада што претрпе значајни промени. Таа денес ќе положи заклетва како федерален канцелар, а по неа и другите членови на владата.